Министерството за култура ја прекинало поддршката за илинденскиот коњанички марш.
Општина Аеродром оваа година е единствена јавна институција која со финансиски средства дава поддршка на овој настан.
Градоначалникот Тимчо Муцунски вели дека имајќи ја предвид неговата важност и значење за македонската култура и традиција, таа поддршка ќе продолжи и во иднина.
„Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин“ напиша Муцунски на социјалните мрежи.
Коњаницата тргнува овој четврток на пат кон Крушево и Мечкин Камен, каде на 2 август ќе се одбележи еден од најголемите државни празници – Илинден.