Дневникот на војводата Васил Чакаларов“ е автентичен историски документ, лични записи на еден од најпознатите војводи на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), кој ги опфаќа годините од 3 јули 1901 до 30 август 1903, односно периодот непосредно пред и за време на Илинденското востание.
Во него опишан е секојдневниот живот на четите во Костурскиот регион, подготовките за востанието, средбите со локалното население и со другите револуционери, воените акции, движењата и логистиката, како и лични размислувања на Чакаларов за настаните и луѓето околу него. Дневникот на Чакаларов е документ исполнет со херојски, но и трагични и катастрофални настани за македонскиот народ.
Васил Чакаларов е роден во 1874 година во село Смрдеш, Костурско. Во 1901 година се преселил во Софија, а подоцна станал еден од водечките војводи во Костурскиот револуционерен реон, легендарниот Костурски војвода. Загинал на 9 јули 1913 година (според некои извори на 20 јули), во битка со грчки андарти во подножјето на планината Вич, во месноста Лакато, близу селото Бел Камен, Леринско. По неговата смрт, грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин.
Треба да се напомене дека во Османлиското Царство и на Балканот во тој период биле во употреба различни календарски системи. Некои изданија на дневникот ги задржуваат датумите според стариот (Јулијански) календар, додека други ги пресметуваат според новиот (Грегоријански), со разлика од 13 дена.
Во продолжение, пренесуваме дел од ова значајно сведоштво za 2, 3 I 4 август 1903 и за почетокот на илинденското востание во Костурско.

20 јули (2 август), недела – Дреновски Осој
Од рано наутро дојде Липо Лекаров и ни донесе едно окружно писмо од Штабот во кое ни пишуваа за денот на востанието. За наше големо чудење видовме дека ни пишуваат дека ноќта спроти 21 јули (значи вечерва!) се објавува востание во цела Македонија. Тоа многу не зачуди и не изненади, зашто не допушта никакво време за да ги направиме нужните распоредувања.
Како и да е, се зафативме со распоредувањата.
Решивме да пратиме во Костур по двајца луѓе во неколку анови и во четири часот по полноќ да ги потпалат аништата. Го испративме Ването Москов во Дмбени да го земе Лазо Поповски и да одат во анот на Колето Габрешко да го запалат неговиот ан. На Дичо Дреновчарот анот, го задолживме едно момче од Кономлади, Мано и дедо Димо Попов од Дреновени; во анот на Алекси го испративме четникот Насо Бапчорски и заедно со Насо Поп Николов да го запалат. А Жупанишчани некои други, а апоскепени други аништа, додека ние да се приближиме, да ги нападнеме шаторите, та со тоа да го одвлечеме вниманието на правителството и да создадеме збрканост и страв. Испративме луге во Дмбени и во Жупаништа, пративме писма преку Липо Лекаров во Смрдеш, преку Поп Киров во Косинец и Вмбел, Врбник, за да ги пресечат телефонските жици, издадовме едно кратко окружно писмо со кое го објавуваме востанието. Вечерта се разделивме со Митровата чета и заминавме за Апоскеп.
Тука вечеравме, а Розов замина накај Загоричани , Клашев накај Блаца, а ние со Лазар Поп Трајков и со Поповата и со Стерјовата чета тргнавме накај Костур. Се сретнавме со жупанишчани на определеното место.
Часот веќе беше 6, а Костур уште не пламнал!
Апоскепени не стигнаа да одат во Костур. Малку остана Турците да ги уловат и со триста маки избегале!
Бапчорени, и тие наверно не пристигнаа. Остануваше да се надеваме во Ванчето Москов и во дедо Димо, но не знаеме што им се случи и на нив. Така или инаку, но факт е дека ништо не стана во Костур. Жупанишчани ни кажаа дека околу сто аскери биле околу жупаничките лозја. Во Шестеово имаше други аскери, а додека да стигнеме на местото, ни требаше уште еден час и така не ни остануваше време, зашто скоро ќе се осамнеше. Освен тоа, каква полза ако одиме и истреламе неколку залпа? Кога ништо одвнатре нема? Затоа решивме да се врниме и се собравме на Апоскепската Планина, кај “Мелимите”.

21 јули (3 август), понеделник – Апоскепската Планина
Тука се собравме, Апоскепската, Жупаниската, Тиолиската, Поповата и Стерјовата чета, сите околу сто души; од Костур си доідоа сите и ни рекоа дека не им било возможно да ги потпалат аништата, зашто во нив имало аскер, поставен во квартири.
Околу 5-6 часот се разделивме со Поп Трајков, тој замина за Дмбени, а ас со сите чети тргнав за Шестеово, за да ги нападнеме таму со еден дел аскерите кои биле со таксилдарите, а другиот дел да го нападне вишенскиот аскер, но ни јавиа дека аскерот од Шестеово избегал. На Митре војводата му напишав да се наближи и тој кон Вишени, бидејќи прашуваше што да прави. Дење со околу 120 души влеговме во Шестово каде што не пречекаа жените и децата, крстејќи се и плачејќи. Седнавме под високите и ладни тополи, каснавме малку, им напишав во Вишени да се подготват да ги нападнат аскерите одвнатре.
На Клашев му напишав да биде готов да нападнеме од десната страна со блачени и черешничени. На Попов му кажав да излезе од Бапчор со бапчорци околу Вишени и така тргнавме откако зедовме и неколку луѓе од Шестеово.
Патем планирав да испукаме неколку пушки и да пратам еден селанец да каже дека 7-8 комити убиле еден суварија, па така да ги предизвикаме да излезат од Вишени. Мегутоа, на патот фативме околу 25-30 Турци жервенци, кои идеа од Костур од пазар, ги врзавме сите и ги поведовме со нас.
Момците забележале десетина души кај Тиолицкиот пат и затоа го испратив Нумо Желински со 15 души шестевени да ги нападне; уште не биле стигнати на определеното место, аскерите минале преку вишенската и тиолицката пресека, и момчињата како што врвеле откаі десната страна, одвај ги забележале, макар што биле многу близу.
Аскерите не гледаа нас кога им бевме отспротива.
Веднаш Петрето Христов Шестевенски грмна по нив, Турците се збркаа и почнаа да бегаат во разни насоки, почнаa да стрелаат и другите момчиња и тие се наідоа меѓу неколку огнови. Фатија да бегаат нагоре кон височините отспротива.
Кога видев дека ако излезат и ги заземаат височините, ние ќе се најдеме во опасност; нашите момци макар што беше шумско местото, почнаа да ги опстрелуваат со малихерките и тие беа принудени да се кријат и да се врнат назад. Нумо Желински со дружината без страв се фрли врз Турците, а тие почнаа да бегаат кон Вишени. Ние им го пресековме патот, неколку Турци паднаа убиени, другите со бегање се спасија. Почнаа другите аскери од селото да стрелаат и да трчаат, jаc ja зазедов левата височина со Биолчев, каде што се сретнавме со Митревата чета. Попов со другите момчиња и со Стерјо Ташков во верига настапуваа кон Вишени. Со Митре убивме околу 20 Турци од Жервени, а другите и децата ги оставивме. И Попов убил три-четири жервенци. Навлеговме сите во селото од страната на Кондороби, пристигнаа околу 20-3 аскери, пристигнаа аскери и од Костур; во селото седевме до вечерта и од таму заминавме накај пресеката меѓу Блаца и Черешница. Тука се соединивме со Клашев и се прибравме сите чети.
22 јули (4 август), вторник
Взори тргнавме, еден дел за Прекопана, а друг дел со Митре Влашето за Бапчорско, за да одат кон Кономладските аскери. Ние мислевме дека ќе сретнеме аскер во Прекопана, за да го нападнеме, но за жал, аскерот избегал уште вечерта, оставајќи jа и храната. Тука останавме на починка. Околу 8 часот се собравме на сретсело и ги фативме предавниците Поп Христов и Ването Роров; на заминување, крај селото ги убија момчињата. Остана уште еден предавник, но тој влезе во редовите на Прекопанската чета, така што остана друже да се погуби. По еден говор што им го одржавме на прекопанци, заминавме кон Врбица над Загоричани, каде што се собравме и останавме на починка да преноќиме. Сите заєдно бевме 340 души. Го известивме Манол Розов во Бобица дека сме тука, за да се присоедини и тој и потоа да се распоредиме. бдн/д




