Сенатор Ранд ПОЛ до ФАУЧИ
Бев со еден човек чија мајка имала 83 години и умирала од КОВИД. Ја однеле во болница во Оринџ Каунти, но не сакале да ја примат додека не биде вакцинирана, бидејќи имале правило дека секој во болницата мора да биде вакциниран. Таа веќе имала КОВИД, а тие сакале повторно да ја вакцинираат.
Во еден период и самиот ЦДЦ го разбираше ова. Им кажуваа на луѓето да не се вакцинираат ако прележале КОВИД во последните 3 месеци. Зошто? Затоа што тоа можело да предизвика прекумерна имунолошка реакција, кога телото веќе имало активиран силен имунолошки одговор.
Но, да се даде вакцина на човек кој е веќе многу болен, а многу од луѓето кои починаа од КОВИД починаа поради еден вид „бура“ на имунолошкиот одговор, таканаречена имунолошка бура, не изгледаше како решение да се поттикне имунитетот уште повеќе со дополнителна стимулација.
Решението всушност биле стероиди, старомодни стероиди. Тие покажале 37% намалување на смртноста. Се покажа дека биле многу повредни од Ремдесивир и многу повредни од многу други третмани.
Но, не се сеќавам некогаш да сум слушнал некој позитивен збор за природниот имунитет, за стероидите или за што било друго.



