Владејачкиот СДСМ денеска објави дека и тие пратиле коњичка чета на прославата на Илинден во Крушево.

– Коњички марш на младите социјалдемократи заедно со генералниот секретар на #СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република. Слава им! За многу години Илинден!- објавија СДСМ на нивниот профил на Фејсбук.

Првпат е ова СДСМ да се вклучи во традиционалните коњички маршеви за Илинден во Крушево, кои инаку во Македонија се одржуваат со децении.