Во несреќа во забавен парк на југот на Франција загина 17-годишно момче

/ 06.08.2023

Седумнаесетгодишно момче загина, а 19-годишна девојка е тешко повредена во несреќа што се случила вчеравечер во забавен парк во близина на градот Безиер на југот на Франција, соопшти државниот обвинител Рафаел Баланд.

Забавниот парк во Кап д’Агде, во близина на Безиер, беше затворен утрово, а полицијата ја опколи областа околу него.

-Две лица загинаа додека се наоѓаа во атракцијата „Адреналина“. Седумнаесетгодишникот им подлегна на повредите, а 19-годишна девојка итно е пренесена во болница во Монпеље, изјави Баланд.

Отворена е и судска истрага за убиство и ненамерна повреда, а четворица мажи, меѓу кои и управителот на забавниот парк, се приведени синоќа во три часот за да се разјасни што се случило.


Од истата категорија