„Сè уште не се потребни преговори со Украина, непријателот треба да ползи и да моли за милост“. Ова на својот Telegram канал го напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, коментирајќи ги преговорите за Украина кои се водат во Џеда.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи ја споменатата средба, на Телеграм напиша дека „тешко е да се осуди желбата да се стави крај на војната“, но дека „невозможно е да се разговара за точките од Повелбата на ОН. , имајќи предвид дека покрај суверенитетот, постои и право на народите на самоопределување“.

„Предлозите за мир имаат шанса за успех, доколку се исполнат три клучни услови: учество на двете страни во конфликтот – што го нема, историскиот контекст – односно Украина никогаш не постоела пред 1991 година, таа била дел од Руската империја и сегашната реалност – а тоа е следново: Украина е во фаза на полудезинтеграција, а дел од нејзините територии и се вратија на Русија. Тој посредник кој е подготвен да ги признае овие очигледни работи има шанси за успех. Сите други – ниту еден“, напиша Медведев.