Оваа влада е најнеуспешна во економијата и ниту еден во оваа држава освен министерот за финансии и премиерот не знае што содржи таа листа на добра и услуги кои ќе имаат покачена даночна ставка. Никој не знае кој ќе плаќа поскап данок за дупло од тоа што го плаќа сега, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за ТВ Алфа потенцирајќи дека власта планира да земе од народот дополнителни 50 милиони евра само од септември до декември.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој не се фокусира само на прехранбени производи, затоа што е опфатено и ДДВ-то на електрична енергија кој беше 5%, а сега е 18%, а таму е и ДДВ на огревното дрво за кое 18% а бараме да е 5%.
– Сега ние велиме ајде по примерот на царинскиот тарифник каде се наведени сите добра услуги, нека биде тој тарифник во рамки на законското решение за да можат да видат и новинарите, и академската заедница и експертите што сакаат да оданочат. Да не се создава магла во јавноста дека перки од ајкули и тартуфи, затоа што наполитанките, бисквитите не се луксузни производи. По она што имаме информации од свиркачи има индиции дека во основните прехранбени производи ќе бидат само 4 или 5 артикли, а сите други ДДВ ќе биде поскапо за дупло, рече Стојаноски.
Стојаноски истакна дека граѓаните тоа мора да знаат и тоа ќе настапи од 1 септември.
– Ако поскапат сите производи од 5 до 13%, ако струјата поскапи затоа што одбиваат да намалат ДДВ, и ако огревното дрво одбиваат да го намалат која е реалната вредност на платите? Во претходниот предлог сметаат дека ќе соберат 90 милиони евра а сега 140 милиони евра и тие 50 милиони не се од данок на солидарност, туку од ДДВ. Планираат од граѓаните од септември до декември да соберат 50 милиони евра повеќе, само од данок на прехранбени производи, цената на струја и огрев, нагласи Стојаноски.
Стојаноски прашува како може да се носи даночна реформа спротивна на интересите на целата држава, како и тоа зошто власта лаже дека се консултирани стопанските комори, кога коморите излегуваат со демант.