Пензионери од Струмица денеска излегоа на протест пред зградата на Општина Струмица и уште еднаш побараа линеарно зголемување на пензиите за 3. 500 денари.

Пензионерите кои замаат помали пензии се пожалија дека тие не им се доволни за да можат достоинствено да живеат. -Јас имам пензија од 15. 000 денари.

Што понапред со тие пари – да ги платам давачките, да земам лекарства и за храна, а знаеме дека се е покачено. Нека се покачат пензиите барем до 20. 000 илјади денари, рече Јован Јованов.

Друг смета дека треба на сите пензионери да им се покачат пензиите за 3. 500 денари. -Минималната пензија на стасува за покривање на основните потреби, затоа треба да се зголемат.

Со пензијата да можеме да живееме нормален живот, а не да бидеме социјални случаи.

Пензионерите 30-40 години издвојувале средства во Фондот и затоа надлежните треба да ги прифатат нашите барања, смета Никола Тренчевски.

Инаку, денеска пензионери од Струмица по трет пат протестираа за зголемување на пензиите.

Извор: МИА