Градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу за телевизија Сител порача дека писмото е на погрешна адреса бидејќи општината не била надлежна за да одлучува за такво нешто.
– И јас како градоначалник ако сакам да градам на самиот автопат некој споменик не ќе можам. Морам да се обратам до ЈП за државни патишта. Значи, Законот го вели тоа. Плус тоа, таму нема урбанистички проект. Законот вели така. Треба да се урбанизира прво, да се види дали има услови, итн., итн. Но во самиот автопат, каде што е предвидено за тоа директно е надлежен ЈП за државни патишта – изјави градоначалникот Сејдиу за ТВ Сител.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вторникот на одбележувањето на 22- годишнината од загинувањето на десетте македонски бранители кај месноста Карпалак истакна дека ќе бара дозвола од Општина Желино за изградба на достојно спомен обележје кај месноста Карпалак.