Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пресмета дека корупцијата во Македонија за шест месеци се намалила за 22 отсто.

Тој на својот ФБ профил објави дека тоа се должи на посветената работа на институциите. Спасовски пишува дека се спроведени 50на кривични постапки, а за 80 лица се кривично пријавени.

„Злоупотребите на службена положба со коруптивни елементи–26, несовесно работење–девет кривични дела, примање поткуп–шест, давање поткуп–четири, по едно кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, и поттикнување во врска со злоупотреба на службена положба и овластување.“ – вели Спасовски.

Убаво е да се слушне ваква информација која вели дека се намалува корупцијата, вели за ТВ 24 Билјана Ивановска претседателка на Антикорупциската комисија, но нема доволна потврда како е тоа пресметано. Според неа во земјава не постои политичка волја да се тргне кон сузбивање на корупцијата. Ивановска ова тврдење го поткрепува со податокот дека во 2021 институциите извршиле само 20 отсто од акцискиот план за борба против корупцијата, лани тоа ниво е намалено на само 10 отсто.

„Во услови на силно политичко влијание, на злоупотреба на дискреционите овластувања, особено во делот на вработувањето, каде клучен проблем е отсуството на вработување по мерит системот. Понатаму, отсуството на владеењето правен систем, односно присуството на неказнивост, што предизвикува постојано зголемување на недовербата на граѓаните во правосудниот систем, а од друга страна се наматнува пораката дека корупцијатаво нашата држава се исплати.“ – вели Ивановска.

Дека состојбата со корупцијата не е добра коментира и поранешниот член на Антикорупциска Ариф Муса кој вели дека власта се обидува со избрзани решенија нешто да стори, но тоа не дава резултат. Потребно е системско решение со кое ќе мора вистински да се застане на патот на криминалот и незаконието, додава тој.

„Денеска каде и да слушаш од граѓаните се зборува само за популацијата. Како држава не сме давале можност да имаме некој започнат процес за борба против корупцијата и тоа да оди постепено. Само демагошки изјави на луѓе кои се одговорни за власта.“ – вели Муса.