Оваа улица во Чаир досега се викаше „Втора македонска ударна бригада“, но од денеска го носи името на Адем Демачи, кој краток дел од животот престојувал во едно од семејствата на оваа скопска улица.
На инаугурацијата дојде и премиерот на Република Косово, Албин Куртин.
Курти во својот говор го опиша периодот кога Адем Демачи бил принуден да ги брани правата на Албанците, бидејќи, како што рече, Албанците биле народ угнетуван од тогашниот режим. Според него, именувањето на оваа улица по Адем Демачи претставува чин на истрајност во напорите на еден народ за слобода.
„Тоа време на погазување на Албанците во поранешна Југославија произведе симбол на слободата кај Албанците, а тоа е Адем Демачи. Новинар и интелектуалец, писател и активист Адем Демачи, со своите јавни и тајни пишувања и активности кои го чинеа 28 години поминати во затвор, стана симбол на немилосрдниот отпор и незапирливата борба за слобода на Албанците во поранешна Југославија. Затоа, името Адем Демачи не беше само име на едно лице туку и име на личност. Тоа беше посебен слоган“, вели Албин Курти.
1Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, рече дека секогаш кога некој ќе помине по овој дел на Чаир, ќе се потсети на патувањето на Демачи кон слободата.
„Секогаш кога ќе газиме по овој пат, не само ние граѓаните на Чаир туку и сите Албанци, ќе се потсетиме на патувањето на Деначи кон слободата. Ќе се потсетиме дека овој човек 1/3 од својот живот го помина во затвор. Но неговиот дух остана слободен засекогаш“, вели Висар Ганиу.