Од октомври Турција ја презема командата со силите на КФОР на Косово

/ 17.08.2023

Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека Турција ќе ја преземе командата со мисијата на НАТО во Косово (КФОР)  од октомври оваа година.

Портпаролот на Министерството за национална одбрана на Турција, полковник Зеки Актур, на прес-конференција најави дека командата на КФОР ќе и биде предадена на Турција од Италија во октомври годинава.

Во јуни оваа година, турското Министерство за национална одбрана испрати пешадиски баталјон на турската армија во Косово за поддршка на мировната мисија на НАТО по тензиите во северно Косово.


Од истата категорија