Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави „кога Македонија ќе биде членка на ЕУ, ќе ги собереме странските пасоши на македонските граѓани и сите ќе ги вратиме во земјите од кои се земени“.

– Дента кога ќе станеме членка на ЕУ, ќе ги собереме сите пасоши кои нашите граѓани ги зеле со цел да работат и живеат во ЕУ и ќе им ги вратиме на земјите од кои што се земени, со оглед на тоа дека веќе нема да им бидат потребни со цел остварување на нивните економски интереси, рече Ковачевски.

Алузијата на „странски пасоши“ веројатно се однесува на бугарските, какви што има најмногу извадени од македонски граѓани, но Ковачевски не појасни дали во собирањето ќе влезат и пасошите од други членки на ЕУ.

Извор: Плусинфо