По три години на суд , заврши разводот на Џенифер Гарнер и Бен Афлек.
Ниеден од сопружниците немале адвокат , туку ја ангажирале медијаторката Лаура Васер. Тие се договориле се заедничко старателство врз трите деца, а за да немаат трауми од разводот , на секое од нив ќе му биде обезбедена шестмесечна психолошка терапија.
И покрај тоа што немале предбрачен договор Гарнер и Афлек без проблеми го поделиле заедничкиот имот.
Според американските таблоиди , тие го прославиле разводот и отишле на сладолед со шестгодишниот син Семјуел.
Гарнер и Афлек стапија во брак по снимањето на заедничкиот филм ,,Дердевил” во 2003 , а почнале да живеат разделено по десет години , најмногу поради неверствата на Афлек .