Нема ништо незаконско со тендерската постапка за преадаптација на салата „Борис Трајковски’’, тврди Османи.

Процесот беше транспарентен, нема ништо незаконско поврзано со компанијата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи , во вредност од 1,8 милиони евра за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“, ова утринава одговарајќи на новинарско прашања го кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој рече дека за тоа дека компанијата била донатор на ДУИ дознал од медиумите. Државната комисија за спречување на корупцијата најави дела ќе отвори предмет поврзан со компанијата „Еуровиа“, која го доби тендерот. Инаку согласно законот за финансирање политички партии, партии не можат да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпијатија и фондови по пат на договор“.