Со љубов, вера, надеж, со срце, душа и тело, со сè што што имаме. За себе и за сите.
Вака македонските одбојкарски репрезентативци го најавија почетокот на Европското одбојкарско првенство, на кое Македонија е кодомаќин.
Вечерва на мечот против Данска во СЦ „Борис Трајковски“ тие ќе ги облечат специјалните дресови со порака „Ние сме Македонци“.
Еден од главните адути на репрезентацијата, пак, Александар Љафтов, ќе настапи со специјално дизајнирани патики на кои се напишани делови од македонската химна и на кои е нацртано македонското знаме.