На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдуваат акцијата, но не откриваат детали.
Најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата.
Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.
Акцијата се изведува по насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, со цел од страна на Министерството за внатрешни работи да се преземаат дејства во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачења со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, велат од Јавното обвинителство.