Ме прашувате зошто големо мнозинство од нашиот род немаат никаков плод од добрина, а имаат само пресметлива себична лицемерна алчност, саможивост, конформизам, исмејувачка празнина, сурова егоистична подлост, тотално отсаство на достоинство и осет за вредности и срам… Пред некое време ги напишав доленаведените размисли, мислам дека донекаде сум одговорил на прашањето… ЗА ДОБРИНАТА, РОДОТ И ПЛОДОТ!

ЗА ДОБРИНАТА, РОДОТ И ПЛОДОТ

Може вистински да зборува за доброто и да го препознава истото само оној кој ја разбира добрината на Творецот!
Може да шири добрина само оној кој се трудел мудро да биде добар во реалната недобрина на овој свет, при што таквиот и понатаму во животот од добрината не се откажал!

Добрите луѓе од еден народ го прават тој ист народ разумен, верен, Богоугоден и вистински достоен!
Злите луѓе од еден народ го прават тој ист народ глупав, безобразен, Богоотфрлен и понижен!
Добрите имаат голема одговорност да зборуваат и да делуваат да го шират доброто во својот народ, а тоа како топло ветре ќе ги грее и другите народи, затоа што целиот свет е една ЦЕЛИНА, а сите народи се еден ЧОВЕК!

И сето тоа е можно ако со отворен, искрен и трудољубив ум и посветено срце се трудиме да го разбереме она што Творецот секојдневно ни го говори, внатре и надвор од нас!

Без мудра добрина злото не се разобличува, тоа само менува маски и шири збунувачки отров во наивните и глупавите очи и умови!

Народ кој се откажува од Бога, се откажува од себе, и затоа таков народ нема ни ДОБРИНА ни РОД ни ПЛОД!

Ваш во Христа, брат и слуга, о. Ивица ТОДОРОВ.