Вечерва во Скопје, се одржа уште еден протест пред Основното јавно обвинителство, организиран преку социјалните мрежи, од лица кои се онколошки пациенти.
Велат дека бараат правда за докторите кои несовесно ја вршеле својата работа…
На овој начин, според нив, ќе се направи дистинкција и ќе се отстранат сомнежите од докторите кои како што велат чесно си ја работат својата работа…
Претходно, денеска од Лекарската комора побараа како што тие посочија, сите доктори да не се ставаат во ист кош.
Протест имаше и во Битола, но од страна на пензионери. Тие вечерва се собраа пред споменикот на Филип Втори Македонски и ги повторија барањата за минимална пензија и линеарно зголемување на пензиите.