Индискиот премиер Нарендра Моди се обрати на првата сесија на самитот на Г20 во Њу Делхи како премиер на државата Bharat (Бхарат), официјално хинду име за Индија. На масата пред него стои новото име на земјата, бидејќи Индијците сакаат да го зменат англиското име Индија.
Претходно индискиот претседател Драупади Мурму испрати покани за вечерата на Г20 каде што се претстави како лидер на Бхарат.
Индиските медиуми тогаш објавија, повикувајќи се на извори, дека индиската влада ја разгледува можноста за промена на името на земјата во Бхарат и дека ова прашање ќе биде изнесено пред парламентот на посебна седница од 18 до 22 септември.