Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на индонезискиот остров Целебес, соопшти Американскиот институт за геофизика.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 9,9 километри.

Пред 11 дена Индонезија беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,1 степени, а се почувствува и на островите Бали, Ломбок и Сумбава.