ФБ објава на наставник Гоце БУМБАРОВСКИ, Прилеп
Повеќе од 40 години:
– внимавам како се однесувам во јавност,
– го почитувам мислењето на другите,
– чекам соговорникот да си ја искаже мислата,
– во друштво не го наметнувам моето мислење,
– секое утро му се молам на Бога,
– ги почитувам сообраќајните правила и прописи,
– го почитувам зборот на повозрасните,
– ги советувам помалите,
– моите деца ги воспитувам во духот на семејните вредности,
– моите ученици ги образувам во духот на моралните и општествените вредности,
– си ја сакам мојата Македонија,
– семејството ми е во центарот на вниманието,
– помагам доколку некој побара или сметам дека му е потребна помош,
– се трудам да оставам чист образ, име и презиме,
– не се срамам да работам било каква чесна работа,
– кога некој ми зборува, со внимание го слушам,
– секогаш ги отпоздравувам оние кои ме поздравуваат,
– внимавам да не навредам некого со моите постапки,
– доколку погрешам се извинувам и барам прошка,
– им давам шанса да се покајат оние кои се огрешиле кон мене.
Над 40 години гледам:
– непочитување на сообраќајни правила и прописи,
– недолично и безобразно однесување во јавност,
– поради “некој сезнајко” не може да се каже своето мислење во друштво,
– неверници и безбожници,
– измамници, крадци и лажговци,
– неморални, алчни и себични “политичари”,
– колеги кои ја срамат професијата,
– неизживеани родители кои преку децата сакаат да ги исполнат своите желби,
– “успешни луѓе” без име и презиме (мамини, татини, од овој или од оној)
– “успешни луѓе” опкружени со блуд и разврат,
– подмитени и митаџии,
– неработници, шпекуланти и џаболебари.
Сега во мене се бие битка:
– Да продолжам со животот според моите досегашни постапки?
– Патот кој сум го одбрал е вистинскиот, или треба да тргнам по некој друг?
– Да останам она што сум, или да глумам нешто што не сум?
– Треба ли да направам промена кај себе?
– Доколку треба да правам промена, што е тоа што треба да го направам?
Очигледно во нашата напатена Македонија повеќе се ценат луѓето од вториот дел – оние неморалните, себичните и безобразните, отколку првите – оние кои се полни со морал, почитување и искреност…