Страшо АНГЕЛОВСКИ

“Cogito, ergo sum“ е филозофска изјава на латински на Рене Декарт и, преведено на македонски значи “мислам, значи постојам“. Овие три збора претставуваат и основа на западната филозофија веќе речиси 400 години. Филозофија која, за жал, токму на Западот се преточува во својата спротивност – (не)мислам, значи (не)постојам.

За што станува збор?

ОРБАН, МОНАКО, ТУНИС…(продолжи го низот)

1.Виктор Орбан, унгарскиот премиер, во својот препознатлив стил, деновиве изјави дека “Европскиот парламент се занимава со глупости и не’ потсетува на времето на Советите кои се обидоа да го променат текот на реките“, додавајќи дека “дојде време да се замени доминантниот дискурс во Европската Унија, која водена од либерална елита е незаинтересирана за главните проблеми на граѓаните на ЕУ, како што се желбата за семејства и одгледување деца“. И, “бидејќи немаме шанси да ги убедиме сегашните либерални елити да размислуваат поинаку, мораме да ги тргнеме настрана, што подразбира, конзервативните сили, ориентирани кон семејството, да ја преземат власта во што повеќе земји“………………….. (Мислам, значи постојам)

2.Владата на Монако деновиве објави прекин на преговорите со Европската Унија започнати во 2015 година, за потпишување договор за асоцијација. На средбата во Брисел, меѓу претставниците на ЕУ и Монако, учесниците постигнале взаемно разбирање за неможноста да се усогласат барањата на ЕУ, со ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ што ги истакнал принцот Алберт Втори во 2015 година. Во тој контекст, двете страни се согласиле дека во рамките на актуелниот мандат на Европската комисија, нема услови за склучување договор и се согласиле да ги прекинат преговорите. Инаку, како што знаеме, претходно, од влезот во ЕУ се откажаа Исланд и Норвешка…………… (Мислам, значи постојам)

3.Туниските власти деновиве, одбиле да им дозволат влез во земјата на петмина членови на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), при што во писмото упатено до делегацијата на Европската Унија во Тунис, туниското Министерство за надворешни работи им соопштило дека делегацијата на Европарламентот “нема да биде овластена да влезе на национална територија“. Во својата реакција, Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) нагласила дека е “длабоко изненадена“ по бројните посети во последните месеци кои “овозможиле да се воспостави искрен и отворен дијалог меѓу сите европски и туниски институции, а посебно со претставниците на ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО“.

“Ова однесување е без преседан од “демократската револуција“ во 2011 година“ уште велат во соопштението на АФЕТ……………………. (Мислам, значи постојам)

4.Полска, Унгарија и Словачка одлучиле да воведат еднострана забрана за увоз на украинско жито и други производи од таа земја, спротивно на несогласувањето на Европската комисија. Сите три држави, според нивните официјални изјави, ги преземаат овие чекори бидејќи се во интерес на нивните фармери, односно нивните граѓани. Само Зеленски и Фон Дер Лајен, по нивниот разговор, не се согласни со ваквиот потег бидејќи ЕУ донела одлука дека нема да ја продолжи забраната за жито од Украина, за “соседите да и дадат поддршка на Украина за време на војната“…………………. (Мислам, значи постојам)

“ВАШАТА ЖЕЛБА ЗА НАС Е ЗАПОВЕД“

За жал, оваа веќе легендарна фраза со која еден господин и се обраќа на својата дама, во случајов го нема тоа значење. Во овој тажен случај, се однесува на инсталираните власти во Украина, Македонија и Европската Унија во однос на барањата на американската длабока држава.

1.Веднаш после крвавата револуција на киевски Мајдан, во 2014-та, во која Викторија Нуланд им делеше крофни на учесниците кои насилно уриваа легитимна власт, започна украинското исполнување на желбите на американската длабока држава предводена од воено-индустрискиот комплекс. Власта на комедијантот Зеленски го стимулираше формирањето нацистички одреди според идеологијата на Степан Бандера; вршеше невиден терор врз руското население до степен на палење живи луѓе; забрана на рускиот јазик и култура иако руското население во Украина изнесува 17,3 проценти; заедно со синот на американскиот претседател Бајден отвараше биолаборатории за производство на наменско биолошко оружје… се’ со цел да ја предизвика Руската Федерација на воена интервенција заради заштита на основните човекови права на руското население во Украина. Заедно со своите инсталирани колеги од ЕУ, не ги испочитува договорите Минск 1 и 2, туку купуваа време заради целосна милитаризација на државата заради војна “до последен Украинец“ за потребите на американската длабока држава.

И, за да биде докрај послушен, ја распродаде украинската житница (најплодна во Европа), на американски компании, па, некои податоци велат дека само една американска компанија, Блек Рок, има купено околу 170.000 квадратни километри од вкупно околу 600 илјади, па денес, инсталираната власт, всушност, се бори за непречена трговија со американско жито од украинска територија. За жал, ваквата Украина, според многумина светски аналитичари, е осудена на распаѓање……………………. (Не)мислам, значи (не)постојам)

2.Насилно инсталираната власт на комедијантот Заев и неговиот “престолонаследник“, од Македонија направи држава за подсмев, држава за подкусурување на големодржавните интереси на соседите… И, не само што не испочитува ниту една црвена линија како примерот со Монако, туку исполнувајќи ги потребите на американската длабока држава за свое целосно присуство во регионов, ги уништува македонскиот идентитет, македонското име, македонскиот јазик, македонската култура; ги уништува системите на образование, безбедност, наука, здравство… се’ со цел да го уништи македонското постоење заради туѓи интереси. За жал, доколку скоро не биде симната од власт, оваа криминална гарнитура, според многумина светски аналитичари, ќе ја доведе земјава до раб на исчезнување………………………(Не)мислам, значи (не)постојам

3.Инсталираните кореврократи (корумпирани европски бирократи), работејќи за американската длабока држава која ги инсталираше, ја поддржуваат и помагаат во натамошното разгорување на војната во Украина; го прекинаа увозот на евтини енергенси, купувајќи, на пример, тројно поскап американски гас, со што предизвикуваат колапс во економиите на државите членки, па многу производствени капацитети се затвараат и вработените остануваат без егзистенција, додека кореврократите имаат плати од 20- 30.000 евра; работат на уништување на земјоделско-сточарскиот комплекс во земјите членки, а се борат за слободен пласман на американското жито од Украина; целосно отуѓени од сопствените држави и граѓани од каде доаѓаат, под превезот на ЕУ интересите, се борат за целосно реализирање на интересите на американската длабока држава; нивната целосна отуѓеност предизвикува се’ почести протести во државите членки, бидејќи граѓаните се свесни за страотните последици што ги очекуваат нивните држави…………………….(Не)мислам, значи (не)постојам)

Затоа, пред да биде доцна, ќе завршам со зборовите на Виктор Орбан – “бидејќи немаме шанси да ги убедиме сегашните либерални елити да размислуваат поинаку, мораме да ги тргнеме настрана, така што конзервативните сили ориентирани кон семејството да ја преземат власта во што повеќе земји“.

(авторот е претседател на МААК)