Ние сакаме земјата брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и ЕК има право да го бара тоа од земја – кандидат, вели евроамбасадорт Дејвид Гир на новинарско прашање по промоцијата на новиот проект финансиран од Европската унија „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

-Имаше напредок во однос на владеењето на правото, во изминатите години, но има и одредени прашања кои предизвикуваат загриженост и тоа не треба да го заброравиме. Едно од тие прашања се случувањата во текот на летото, во Судскиот совет, и како резултат на тие случувања ние распоредивме тука една мисија составена од колеги која е задолжена да даде препораки за подобрување на интегритетот и професионалноста. Секако и изјавата од минатата седмица од Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик, пред се, користењето на европското знаменце кое тие го сметаат за нессоодветно бидејќи тоа е едно од прашањета за кое треба да се дискутира и исто така ризикот кој го идентификува Комисијата дека ваквите промени може да доведат до зголемување на неказнивоста. Ние сакаме земјата рапидно брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и ЕК има право да го бара тоа од земја свој – кандидат, рече евроамбасадорот Гир запрашан за тоа какви активности се очекуваат од земјата во однос на случувањата кои предизвикаа загриженост во Брисел.

Прашан за тоа кога може да се очекуваат резултати од оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет, Гир не посочи точен датум, но очекува тие набрзо да бидат објавени.

-Експертската мисија се состои од судии кои се на високи позиции или искусни судии од земјите на ЕУ кои што го разгледуваат работењето на Судскиот совет со цел да дадат препораки за подобрување на неговата професионалност, независност и ефикасност. Мисијата ќе завши во тек на оваа седмица, потоа тие ќе се вратат во Брисел и за своите наоди ќе дискутираат со Комисијата. Не можам да ви дададм точен датум кога тие препораки ќе излезат во јавноста, меѓутоа тие ја разбираат потребата ваквите препораки да се дадат брзо, рече шефот на Делегацијата на ЕУ во земјвата Дејвид Гир.