Откако претседателот Стево Пендаровски демантираше дека на Денот на Европа – 9 мај, водел преговори со висок профил на политичари од власта за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски, претседателот на „Демократско движење“, Изет Меџити, сега вели дека шефот на државата тоа го сторил со челници на ДУИ на Денот на НАТО – 4 април.

Меџити синоќа излезе со коментар дека високи експоненти на Демократската унија за интеграција побарале од Пендаровски „да го врати Груевски од Унгарија“.

„На денот на НАТО високи експоненти на ДУИ бараа и го молеа Претседателот по секоја цена да го врати Никола Груевски доколку сака земјата да има перспектива“, рече поранешниот висок функционер на ДУИ..
Меџити претходно изјави дека Пендаровски имал средба со луѓе од власта на Денот на Европа, а шефот на државата тоа во меѓувреме го демантираше и дека на тој датум, откако ја проверил агендата, утврдил дека средба имал единствено со лидеро на Алтернатива, Африм Гаши.