Дали на повидок е нов скандал во здравството со сомнителни глукометри и ленти за мерење на шеќер што деновиве ги им во дел од инсулинските аптеки? Апаратите кои се неопходни за прецизно мерење на гликемијата се без декларации, бар кодови, земја на потекло и во најлонски кеси и дијабетичарите се сомневаат во нивниот квалитет, објавува ТВ Сител. Реагираат и за односот на институциите кои направиле тотален хаос и потценување на над 40 000 граѓани. Иако ова трае со денови има молк од надлежните а од Агенцијата за лекови допрва ќе одлучуваат дали ќе прават вонреден инспекциски надзор бидејќи се уште прибираат информации.
-Тоа се истите тие глукометри кои ги добивавме во 2015-2017 година, кои не поминуваат никави исо стандарди, не знам каде се правени, каде има технички контроли за исправности и прецизност. И вие да ги добиете истите тие така распакувани како да се купени на тезга на пазар, уште повеќе ги зголемува сомневањата, вели Бојан Киров, дијабетичар.
Киров вели дека пред 7 години кога ги имале овие глукометри сде избориле да бидат повлечени и да добијат прецизни медицински помагала. Не му е јасно како истите повторно завршиле во аптеките. Вели дека дијабетичарите со тип 1 мерејќи го шеќерот знаат колку единици инсулин им е потребен, а оние со тип 2 исто така треба често да го мерат за да ги избегнат компликациите. Но не со вакви апарати, категоричен е Киров.
-Последните 10 месеци ае случува нешто 10 пати полошо од тоа во 2015 и 2017. Да се нема глукометри, ленти за мерење на шеќер, пенкала, јас стварно незнам дали негде во светот дијабетичарите толку долг период оставени на милост и немилост на министерството за здравство, вели Киров.
Од Сојузот на здруженија и денеска бараат итна средба со Националната комисија за дијабет, чекаат одговор од Комисијата за дискриминација и став на нардониот правобранител. Нивниот проблем трае 10 месеци, период кога немаат ниту глукометри ниту ленти за мерење на шеќер во крвта.