Гари Џонс свесно контаминирал производи додека работел во фабрика за преработка на храна во Ворчестершир.
Вметнувал пластични кеси, гумени ракавици и прстени во хумусот и преливите за салата, а потоа признал дека ја контаминирал стоката што требало да биде доставена до Нандо. Тој е осуден на три години затвор, јавува Би-би-си.
Производителот Harvey & Brockless тврди дека ниту еден од овие производи не стигнал до крајните купувачи. 39-годишниот Џонс работел како берач и бил одговорен за собирање на потребните состојки кои оделе во готвењето следниот ден. На 28 октомври 2022 година, компанијата била известена дека десетици производи се контаминирани.
Внатрешната истрага покажала дека биле загадени и други пратки, а случајот бил пријавен во полиција. Надзорните камери во фабриката го снимиле Џонс како се плетка со хумус и преливите за салата. Бил уапсен и испрашуван, а во полиција признал дека еднаш мешал сос од риба со соја сос.
Најголем дел од контаминираните производи не стигнале до својата дестинација, а од компанијата велат дека брзата акција е знак дека сите крајни потрошувачи се заштитени од контаминирани производи. По инцидентот, тие наводно инвестирале во дополнителни камери за да се осигураат дека сите области се целосно покриени.
Мехри Камранфар, висок обвинител за ЦПС Вест Мидлендс, рече дека случајот е крајно вознемирувачки и може да има сериозни последици доколку Џонс не бил спречен.
– Тој свесно и злонамерно контаминирал прехранбени производи кои требало да бидат дистрибуирани до некои од најпопуларните улични ресторани низ државата. Контаминацијата на храна предизвикала тревога и внатре и надвор од компанијата. Лудата постапка на Џонс може да има сериозни последици за луѓето со алергии. Покрај тоа, саботажата со храна ја чинела компанијата илјадници фунти и го наруши угледот на компанијата, рече таа.
Џонс е осуден на 33 месеци затвор за контаминација на храна и девет месеци за упад во куќа на колега. Ја признал кражбата- украл розова четка за коса.