Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна, Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата лажеше кога велеше дека ставката на ДДВ од 10% ќе биде само за луксузни производи како перки од ајкула, наеднаш луксуз за оваа влада станаа брашното, џигерот и сладоледот.
За власта богати се сите граѓани кои јадат замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази, па затоа истите ќе треба да плаќаат по 10% ДДВ за овие производи.
Не знаеме како и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли стамаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо.
Мизеријата на владата оди до таму што поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините.
Ова е резултат на влада која изгубила допир со реалноста, ова е резултат на влада која се заборавила во крадење на народни пари, и заборавила како живее мнозинството од народот.
Потребни се промени. Секој ден поминат со оваа власт е полош за Македонија, стои во соопштението на партијата.