САД ги осудуваат нападите врз Израел од страна на палестинската исламистичка група Хамас и го поддржуваат правото на Израел да се брани, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Никогаш нема оправдување за тероризмот. Ние стоиме во солидарност со владата и народот на Израел и изразуваме сочувство за израелските животи изгубени во тие напади“, нагласи Блинкен во изјавата објавена од Стејт департментот.
Блинкен додаде дека САД остануваат во близок контакт со израелските партнери.