Потврдено е дека загинале осум француски државјани, а 20 се водат како исчезнати по нападот на Хамас врз Израел, изјави француската министерка за надворешни работи Катрин Колона.

„Морам да ве информирам, со голема тага, дека жалиме за смртта на осум сонародници во овие терористички напади на Хамас и дека изгубивме контакт со 20 француски државјани кои исчезнаа во близина на Газа“, рече Колона.

Најмалку едно дете е меѓу исчезнатите.