Цвеклото, лутеницата, бебешката храна, чаевите, урдата, видови кашкавал, наполитанките наместо со 10 ќе бидат со 5 отсто ДДВ, известува ТВ Телма. Владата повлече неколку производи од  луксузната листа на продукти кои добија повисок данок и ги стави на списокот прехрамбени производи со повластена ставка. Како лускзуни остануваат апетисаните, компирот, мастики, чипсовите, тропското овошје, видови зачини, но други. А, повисоко ДДВ ќе добијат и поголем дел од витамините и суплементите кои се користат во исхраната. Од фармацевската комора  велат дека станува збор за околу 1.500 вакви  производи.

производи кои наместо со 10 остануваат со 5 отсто ДДВ

 Урдата,

замрзнатото тесто,

 бибер

црвениот пипер,

бебешките каши,

адаптирано млеко за доенчиња,

додатоци за исхрана за опаднат имунитет,

хербалните чаеви,

наполитанките и вафлите,

растителниот кашкавал и останати одредени видови кашкавали,

лутеница

конзервирано цвекло

феферони

Властите уверуваат дека повисокото ДДВ нема да биде на товар на граѓаните, а нема  ниту да ја зголеми инфлацијата. Синдикатите пак предупредуваат дека со одлуката таа ќе порасне, а мерките  против поскапувањето нема да имаат ефект.

Според статистиката инфлацијата во септемрви е зголемена за 6.6 отсто во споредба со септември  лани. А за покривање на основните потреби во месецот ССМ  пресмета дека на едно четиричлено семејство му се потребни над 48 илјади денари. Сепак, властите очекуваат до крајот  на годинава инфлацијата да падне на околу 5 отсто.