Од посетата на Ицо Најдовски Перин на село Пустец и краткиот разговор со баба Наташа Јаневска-Нала:
Ицо НАЈДОВСКИ: Сакам да ве прашам, колку бугари има во селото?
Наташа ЈАНЕВСКА-НАЛА: Во селото? Ниту еден! Нема Бугари!
НАЈДОВСКИ: Ама доаѓаат овде од Бугарија?
БАБА НАЛА: Не зна, ама велат дека иделе!
НАЈДОВСКИ: Доаѓаат новинари, политичари?
БАБА НАЛА: Немам видено. А велат…
НАЈДОВСКИ: Добро, ама ај кажи ми, наназад во селото кога имало Бугари?
БАБА НАЛА: Никогаш. Јас не паметам дека имало!
НАЈДОВСКИ: Е, добро, а што сте овде во селото?
БАБА НАЛА: Сите сме Македонци. Македонка сум јас. Мојот татко беше партизан. Се бореше за Македонија. Ме оставил на една година. Си отиде. Ама сум горда што даде труд таму. Да ја ослободи Македонија. Таа Македонија е добиена со крв, а не со шетање и со седење на столица. И со јадење и пиење. Затоа секој треба да си го ставиме прстот на главата, да си го чуваме местото наше и национланоста наша.
НАЈДОВСКИ: Националноста македонска…!
БАБА НАЛА: Македонка сум! Дојдоа тука, забележаа што забележаа, им кажав јас сум Македонка. Мене татко ми…
НАЈДОВСКИ: Која година загина татко ти во партизани?
БАБА НАЛА: Татко ми беше ранет. По бојот загина.
НАЈДОВСКИ: Добро, сполај ти многу.
БАБА НАЛА: Нема зашто! Ајде добар ви пат!