IN MEMORIAM: Почина хумористот Војче Китановски

/ 15.10.2023

На 68 годишна возраст, почина познатиот хуморист, сатиричар и имитататор, Војче Китановски.

На социјалните мрежи, неговите пријатели и колеги се збогуваат од него.

Детали за последното испраќање на познатиот сатиричар ќе бидат објавени дополнително.

Хумористот Војче Китановски зад себе имаше над 50-годишна кариера. Тој е роден е во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод, за кое често знаеше да каже дека е најубавото место на светот.

Беше дипломиран шумарски инженер, а имал и лиценца за туристички водич.

Започнал со настапи уште во време на студентските денови и за себе знаеше да каже дека по некои критериуми тој е првиот стендап комичар кој се појавил во Југославија.

Во својата долгогодишна кариера Војче настапувал пред студенти, пред армијата и пред бригадирите на работните акции, како и покрај Мики Јевремовиќ и Тома Здравковиќ.

Меѓу другото тој ја издаде книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.


Од истата категорија