Командантот на украинските копнени сили Олександер Сирски изјави дека ситуацијата на североисточниот дел на фронтот „значително ескалирала“. Тој посочи дека руските сили се надеваат дека ќе ја пробијат одбраната во правец Купјанск-Лиман.
Сирски смета дека руската армија всушност сака „одмазда“ со враќање на териториите кои некогаш биле под нејзина окупација.
На почетокот на август Русија започна напад врз Купјанск и околината, поместувајќи ја линијата на фронтот за околу три километри. Гранати паднаа врз градот, принудувајќи ги локалните власти да започнат со евакуација на цивилите.
Украинците минатата недела известија за жесток руски напад врз Авдијевка, град северно од Доњецк. (МИА)