Синдикатот при УПОЗ за утре најави голем протест со почеток во 11 часот. Оттаму велат дека ако Владата не ги исполни нивните барања за зголемување на минималната плата од 78% и враќање на додатокот на работа од 35%, веќе од петок нема да ги работат ни итните предмети во обвинителствата.

„Ако не ни ги исполнат барањата, следува целосна блокада на судството“, се заканија денеска од УПОЗ.