СДСМ: Просечната пензија сега е околу 20 000 денари

/ 18.10.2023

Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари. Сега, во време на СДСМ, односно во март 2023 година просечната пензија изнесува околу 20.000 денари.

Со новата методологија и трите усогласувања во 2002 и 2023 година пензиите за 333.000 пензионери вкупно ги покачиваме за 24 проценти, за една и пол година досега вакво покачување немало, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на средба со пензионери од општина Карпош.

-Социјалдемократските политики за постојано и континуирано зголемување на пензиите се влог во тоа да пензиите растат и да продолжат да растат и во иднина. Од септември 2022 година со новата методологија и трите усогласувања СДСМ ги зголемени пензиите за 24%. За една и пол година досега вакво покачување немало. И бројките тоа го потврдуваат, рече Ковачевски.

Тој направи споредба со драстично помалите висини на просечната и минималната пензија во времето на ДПМНЕ.

-Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари. Сега, во време на СДСМ, односно во март 2023 година просечната пензија изнесува околу 20.000 денари. Тоа е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ. Во времето на ДПМНЕ пак минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Тоа се 4.000 денари повеќе на ниво на минимална пензија месечно. Јас не мислам дека е тоа доволно. Секако. И работам да допринесеме уште повеќе. Но, со системски решенија, СДСМ обезбедува постојан, континуиран раст на пензиите и пензиите само со СДСМ можат да продолжат да растат, реално, издржано и значително, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска на средби со пензионери од општина Карпош.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ


Од истата категорија