Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го критикуваше неуспехот на Советот за безбедност на ОН да донесе резолуција за прекин на борбите.

„Советот за безбедност на Обединетите нации, кој стана целосно неефикасен, уште еднаш не ја исполни својата одговорност. Западните земји не направија ништо друго освен што долеа масло на огнот“, напиша тој на X.

Тој додаде дека „грозоморниот напад“ на болницата Ал Ахли „го подигна масакрот во Газа на друго ниво“.