Претседателот Стево Пендаровски во „Клик Плус“ на ТВ21 кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот, коментираше за застарувањето на делото за прислушување.

Претседателот кажа дека е иритиран од фактот што делото е застарено и дека никој нема да одговара за прислушувањето, во кое и самиот Пендаровски бил еден од прислушуваните во тој период.

„Жалосно. Апсолутно ме иритира тоа што нема никој да одговара за прислушувањето, веројатно само за уништувањето на опремата. И јас бев една од жртвите на прислушувањето. Во некои ситуации постои спрега да се забошоти еден случај. Вие имате екстремни случаи кога имаме два дена пред пресудата еден од судските поротници оди на пензија, и се враќаме на почеток на предметот… И демек никој не знаел за тоа“, рече Пендаровски.