Пејачката Калиопи мораше да го прекине концертот кој требаше да се одржи во салата МТС во Белград.
Како што пишуваат српските медиуми, на непознатата жена на возраст од околу 70 години ненадејно и се слошило, а присутните сведочат дека морале веднаш да го напуштат просторот.
Српските медиуми известуваат дека жената починала, а итната помош не можела да помогне дури ни со реанимација.
Полицијата била на лице место и извршила увид.