Вечерва на концертот на македонската пејачка во Белград Калиопи почина жена на која претходно и се слошило.

Според српските медиуми во овие моменти нашата пејачка ја однела полицијата во станица за да биде сослушана.

Претходно брзата помош не можела да ја спаси и реанимира жената која изгубила свест, па починала во преполната сала.

Концерто бил прекинат, а Калиопи била уплакана и цело време и била покрај ќерката на починатата жена. Според српските медиуми жената со својата ќерка и пријателка допатувале од Македонија во Србија за да бидат дел од концертот на Калиопи.