ЦИА и Мосад на разговори во Катар, Хамас се сретна со шефот на египетското разузнување

/ 09.11.2023

Шефовите на ЦИА и Мосад се сретнаа со катарскиот премиер денеска во Доха за да разговараат за параметрите на договорот за ослободување заложници и паузата во борбите, изјави за Ројтерс извор информиран за состанокот.

Трилатералниот состанок ги собра сите три страни на една маса во реално време за да го забрза процесот, рече изворот, пренесува Скај Њуз.

Тоа се случува откако катарските посредници синоќа се сретнаа со претставници на политичката канцеларија на Хамас.

Катар, каде се сместени неколку политички лидери на Хамас, ги предводи напорите да посредува меѓу Хамас и израелските власти за ослободување на заложниците.

Во меѓувреме, високи претставници на Хамас денеска во Каиро се сретнаа со шефот на египетската Генерална разузнавачка служба, Абас Камел.

Во делегацијата биле политичкиот водач Исмаил Ханије и поранешниот шеф Калед Мешал.


Од истата категорија