Многу родители се нашле во ситуација каде што сакаат да им помогнат на нивните деца, но им е страв дека можат само да ги влошат работите. Сосема нормално е родителите да сакаат да ги заштитат своите деца, но има ситуации кога треба да ги остават сами. Потребно е да ги поддржите и да ги научите како да се справат со разните предизвици за во иднина да можат самите да се заштитат. Овие 7 правила ќе му помогнат на вашето дете да стане среќна возрасна личност полна со самодоверба.
1. Како да каже „Не“
Проблем: Некој соученик го замолува вашето дете да му ги кажува одговорите на тестот. Ако вашето дете се согласи да помогне, учителот ќе ги забележи идентичните одговори, па и двајцата ученици ќе добијат пониска оценка.
Решение: Објаснете му на вашето дете дека го игнорира својот труд бидејќи поминало долго време подготвувајќи се за тестот, а некој сака да го искористи тоа. Научете го вашето дете да каже „Не“. Кажете му дека може да каже нешто како: „Не сум завршен/а. Те молам не ми го одвлекувај вниманието.“ Овие рационални фрази ќе му помогнат на детето да ја зголеми самодовербата и никој нема да може да го манипулира.
2. Научете го да ги остави другите без зборови
Проблем: Некој соученик постојано го малтретира вашето дете и прави сметки на негова шега. Резултатот е губење на желбата за училиште поради емоционалната болка предизвикана од другите.
Решение: Во овие ситуации родителите не треба директно да се вмешаат. Објаснете му дека детето што го малтретира има проблем бидејќи сака да изгледа интересно со тоа што ќе направи некој друг тажен. Вашето дете треба да знае дека „малтретирачот“ не треба да го прави тажен. Ако детето го гледа малтретирачот директно во очи и му се смее, со тоа покажувајќи дека не му е грижа, и другите соученици ќе го загубат интересот бидејќи ќе нема никаква реакција.
3. Оценките не се најважното нешто
Проблем: Секогаш кога вашето дете ќе добие лоша оценка почнува да плаче бидејќи не успеало. Страв му е да ви каже бидејќи не сака да го казните.
Решение: Многу родители несвесно ги тераат децата да се плашат од лошите оценки. Се разбира знаењето е важно, но на децата не треба да им е страв да ви покажат лоша оценка. Родителите не треба да им викаат или да ги казнуваат децата поради оценките. Покажете му на детето дека вашата љубов е поголема од тоа. Можете да му кажете: „Не грижи се. Следниот пат ќе научиш повеќе.“ На овој начин вашето дете нема да се плаши од тешките моменти во иднина.
4. Научете го да им помага и да ги брани послабите
Проблем: Вашето дете ви кажува дека некои соученици малтретираат некое момче. Вашето дете знае дека тоа не е во ред, но не знае како да помогне и страв му е да проба.
Решение: На многу деца им е страв да им помагаат на послабите бидејќи постои ризик и тие да станат жртви. Возрасните се соочуваат со истиот страв кога, на пример, гледаат како некој навредува друг од пониските социјални групи. Поради ова важно е да му објасните на детето дека треба да се сочувствува и да биде подготвено да помогне. Замолете го детето да ви помага дома и да биде одговорно за нешто – нивното мало братче, братучед или милениче.
5. Научете го да го сака она што го прави
Проблем: Постојаната рутина која се состои од училиште, спорт и домашни задачи прави вашето дете да се чувствува изморено. Сè што сака да прави е да се релаксира и да помине време со своите пријатели.
Решение: Родителите сакаат нивните деца да бидат среќни и да постигнат одлични резултати. Поради ова им го полнат распоредот со што е можно повеќе активности. Но, овој пристап не им покажува дека радост и успех ќе им донесат само нештата што ги сакаат. Оставете го детето да поминува барем еден час дневно правејќи нешто што сака, без разлика дали тоа е уметност, читање или компјутерски игри.
6. Вежбањето е дел од животот
Проблем: Вашето дете е премногу срамежливо и повлечено. Сака да остане дома наместо да се гледа со пријателите.
Решение: Предложете му на детето да се обиде со некој тимски спорт. Групата деца со исти интереси ќе има позитивно влијание на него. Покрај тоа, спортот ќе му ја зголеми и самодовербата. Не треба да заборавите на желбите на вашето дете и треба да му дозволите да ги одбере активностите што ги сака. Ако вашиот син сака да танцува, оставете го да танцува, не терајте го да игра фудбал. Во спротивно ќе почне да мрази сè поврзано со спортување.
7. Научете го да се сака
Проблем: „Мери има убава коса. Очите на Кети се многу големи, а јас сум грд/а.“ По некое време сите деца почнуваат да се споредуваат со другите, а ова може да биде проблем во иднина.
Решение: Сите деца, без разлика на нивниот пол, сакаат да бидат атрактивни и талентирани. Не заборавајте да му кажете на вашето дете дека е убаво. Ако вашето дете има идол, покажете му фотографии од него од детството или фотографии што не се обработени во Фотошоп. Овие примери ќе му докажат дека не сме убави поради совршеноста, туку поради нашата уникатност.