Ако знаете да ја препознаете лагата, ќе знаете и паметно да се спротиставите на лажливецот.

Луѓето често лажат, и нема личнст која ниту еднаш во својот живот не излажала, па макар колку и таа лага да била минимална и од било која причина. Не е секогаш лесно да препознаете кога некој ве лаже, но ако обрнете внимане на работите кои ги изговараат, кај лажливците често можете да ги приметите овие фрази :

1. Тоа е отприлика се

Самиот збор отприлика ви открива се , сигурно е дека личноста не ви кажала се туку само отприлика.

2.Нема доказ за тоа

Со тоа ви дава до знаење дека не му е важна вистината туку работите кои можат да се докажат. Оваа фраза е сигурен доказ дека ве лаже.

3.Зоштоа би го направил тоа ?

Секоја жена која го фатила мажот во лага го слушнала ова прашање. Одговорот на прашањето е уште едно прашање, и тоа е знак дека ве лаже.

4.Зошто ме обвинуваш?

Наместо да одговорат на прашањето кое им е поставено, лажливците, ќе го постават ова прашање, сакајќи да ја префрлат вината на личноста која ги обвинува и истата да се извини. Така лажливецот го поместува фокусот од себе и го става на другата личност.

5.Не се сеќавам дека сум го направил тоа

Лажливците често се обидваат со овој израз да го намалат чуството на кривица и одговорност. Нажалост за да се сеќава личноста на нешто што не направила , мора да се сеќава на тоа што го направила, а ако само се брани со изјавата дека не се сеќава, јасно е дека лаже.