Не би сакал да ја коментирам изјавата на Зекири бидејќи таа беше дадена на два јазици и различна беше на македонски и на албански.
Така одговори вицепремиерот Фатмир Битиќи во врска со изјавата на поранешниот Генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, кој вчера беше осуден на 2,6 години затвор, дека при потпишувањето на договорите спроведувал „умисла на други“ посочувајќи го него токму Битиќи.
– Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог, изјави Битиќи.