Авионот на американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен е приземјен во Швајцарија, откако авионот претрпел „критичен дефект“ поради истекување на кислород.
Авионот на американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен е приземјен во Швајцарија, откако авионот претрпел „критичен дефект“ поради истекување на кислород, соопштија американски официјални лица, пренесува Би-би-си.
Блинкен требало да се врати од Светскиот економски форум во Давос кога се појавил проблемот со неговиот службен авион.
По Блинкен е испратен нов службен авион, а неговите соработници се вратиле во Вашингтон со комерцијален лет.