Адвокатот Тони Менкиноски не единствениот кој седна на обвинителна клупа за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш. Овој пат полицијата поведе прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир против охриѓанецот Александар Ѓурчев, затоа што лани на 27-ми април беше еден од присутните кои во знак на поддршка на уставобранителите, на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна Порта, поставија 40 метарско знаме со сонцето од Кутлеш.
-Не се чувствува виновен, го почитувам знамето кое го истакнав. Тоа беше национално знаме на Македонија извесен период-истакна Ѓурчев.
” Сите сме сведоци дека ова знаме може да го забележиме на бројни спортски натпревари и културни манифестации и дека е општо прифатено од голем број жители во државата. Немав намера да ги омаловажам државните симболи и да ја навредам државата. На местото каде го поставив знамето немаше во близина ниту едно друго знаме, не покрив ниту едно друго знаме, немаше пароли и натписи поставени од моја страна. Уште како дете, кога ме носел мојот дедо во црква, сум го гледал насекаде ова знаме за кое сум емотивно врзан” , вели Ѓурчев.
Адвокатот Тони Менкиноски овој пат во улога на бранител, во завршните зборови побара ослободителна пресуда за Ѓурчев, бидејќи како што рече не повредил нити еден закон или меѓународен акт за кој се обвразала Македонија. Македонското знаме од Кутлеш претставува национален симбол на македонците и истото е користено како државно знаме на Македонија.
Инаку после половина година одложување,на 15 март продолжува судскиот процес противадвокатот Тони Менкиноски, затоа што го постави40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш на бедемот од Самоиловата тврдина кај Долна Порта за време на христијанскиот празник Богојавление Водици.