Лавинија Мунга, како и патниците на летот од Солт Лејк Сити до Хонолулу, го доживеаја изненадувањето на својот живот.

Имено, таа за време на летот започнала породување и се породила без воопшто да знае дека е бремена.

Приказната стана вирална откако патничката Јулија Хансен објави видео од ситуацијата на TikTok.

@juliaberniceIt’s the ‘baby being born while we’re above the Pacific Ocean’ for me

♬ original sound – juliabernice


„Во овој авион штотуку се роди бебе“, рече таа, а потоа ги покажа патниците како плескаат и ѝ честитаат на Лавинија. Подоцна може да се слушне како член на екипажот ги моли патниците „да останат седнати за да може патничката да добие лекарска помош“.

На породувањето помогнале неколку медицински сестри и лекари кои биле на летот.

Мајката и бебето се пренесени во болница по слетувањето во Хонолулу и се во добра здравствена состојба.