Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Во сабота времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во недела времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во понеделник времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Она што е воочливо е дека во понеделник времето ќе достигне рекордни 20 степени, додека само два степени помалку не очекуваат во недела или максимални 18 степени.

Исто така и според долготрајната временска прогноза на „Accuweather“ во наредните две недели во нашата земја не очекуваат вистински пролетни температури, но потоа ни доаѓа и снегот и постуденото време доколку тоа може да се предвиди.