Утрото денеска ќе биде студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според УХМР, в петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.

Најстудено утрово е во Берово -11 Берово, во Демир Капија е -9, Скопје-Петровец, Битола, Велес, Струмица, Гевгелија – 8, во Штип и Кавадарци -7, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Крива Паланка -6, во Дебар Куманово, Охрид, Виница и Дојран се зимерени -4, во Крушево – 2 и на Попова Шапка -1 степен.

УХМР информира дека снежната покривка во Маврово е 11, а на Попова Шапка четири сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше ведро и тивко. Изутринава е сончево, наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.