Највисокиот руски генерал на воздухопловните сили e убиен во нападите врз Крим во средата, јавува Newsweek, повикувајќи се на локални извори. Александар Татаренко бил убиен за време на украинскиот напад на воениот аеродром Белбек во Крим.
Како резултат на ударот загинале десетчлен руски воен персонал, вклучително и командантот на авијациската ескадрила, генерал-полковник Александар Татаренко.
Татаренко бил генерал задолжен за воздухопловната база Белбек, најразвиената база на воздухопловните сили на Руската Федерација во регионот на Црното Море.
Инаку Татаренко (63) служел на Далечниот Исток на Русија, Урал, Сибир и северните региони на земјата. Тој бил назначен за командант на 14-тата воено-воздухопловна армија на Русија на Централниот воен округ на Руската Федерација во 2016 година.